Дома Трансфер зона „Бомба“ од Островот: Мурињо тргнува по Един Џеко

„Бомба“ од Островот: Мурињо тргнува по Един Џеко

Жозе Мурињо сака да го засили својот тим во зимскиот преоден рок, а примарна цел ќе биде доведување на напаѓач.

Англиските медиуми тврдат дека „Специјалниот“ сака да донесе напаѓач за да го „растерети“ Хари Кејн, а најголемата желба е босансиот голгетер Един Џеко.

Тотенхем се уште игра во три натпреварувања, па со оглед на големиот број натпревари Мурињо смета дека му е неопходен нов напаѓач.

Џеко веќе има големо искуство во Премиер лигата и нема да му биде потребен период на адаптација, а „спарси“ се спремни за неговиот потпис да понудат помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Џеко ова лето беше на излезна врата од Рома, но на крајот потпиша нов договор со „волчицата“, но сигурно нема да ја пропушти шансата да се врати во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо доведува напаѓач од 70 милиони евра?

Тотенхем изгледа пронајде решение за во нападот, барем додека не се опорави Хари Кејн. Шпа…