Босанскиот портал „Klix.ba“ пренесува дека црногорскиот ветеран Стеван Јоветиќ наскоро би можел да стане фудбалер на Борац Бања Лука.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Низ кариерата Јоветиќ настапуваше за Манчестер Сити, Интер, Севиља, Монако, Фиорентина, Херта и Олимпијакос и според информациите тој ги договорил личните услови. Наводно не би требало да има проблеми и се очекува се да биде официјалирано.
Јоветиќ без клуб е од 1. јули и од тој момент е во потрага по нов ангажман. Дефинитивно ако трансферот се реализира Јоветиќ би бил едно од најголемите имиња кои заиграле некогаш во боснаскиот фудбал.