Дома Топ вести „Бомба“: Киеза и Лаутаро следната сезона во ист клуб

„Бомба“: Киеза и Лаутаро следната сезона во ист клуб

Германскиот весник „Билд“ денес лансираше вистинска „бомба“, која силно одекна во сите медиуми со оглед на фактот што станува збор за релевантен весник.

Имено, Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездите на Интер и Јувентус, Федерико Киеза и Лаутаро Мартинез и сака да ги донесе на „Алијанц Арена“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Баерн на лето најверојатно ќе го продаде Коман и Левандовски, кои сакаат да ја променат средината, па сака да ги замени со двајца врвни фудбалери.

Баварците ќе имаат буџет од 200 милиони евра и сакаат да ги донесат двете ѕвезди од Серија А.

Јувентус би можел да го „жртвува“ Киеза за да го донесе Влаховиќ, додека Интер има големи финансиски проблеми и нема да може да одбие богата понуда за Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…