Дома Македонски спорт Боксерски тренер на БК Шкупи врати чанта со пари на поранешниот голман на Вардар!

Боксерски тренер на БК Шкупи врати чанта со пари на поранешниот голман на Вардар!

Харуни најде чанта со пари и ја врати на сопственикот, тоа е Ѓокица Стојановски, поранешниот голман на Вардар, Пролет и Југ.

Tренерот на БК Шкупи ја потврди веста, чесноста пред се, тоа е карактеристика на сите наши тренери кои работат во боксот, Харуни е пример за тоа.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари. По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборев со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади , деца. Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото . Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар“ – напиша Харуни на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул го најде наследникот на Салах

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, пренесуваа…