Дома Трансфер зона Боели донел одлука: Овие 11 фудбалери ќе го напуштат Челзи на лето

Боели донел одлука: Овие 11 фудбалери ќе го напуштат Челзи на лето

Американскиот бизнисмен Тод Боели го презема Челзи минатото лето, но екипата се соочи со сериозна криза и лоши резултати, па поради тоа се најавува ремонт во јули.

Боели наскоро ќе потпише договор со Маурицио Покетино, кој ќе ја преземе екипата на крајот на сезоната, а потоа се очекува распродажба на фудбалери на „Стемфорд бриџ“.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


На листата се наоѓаат Лофтус-Чик и Чалоба кои дефинитивно ќе заминат од екипата, а исто така се шпекулира дека место во клубот нема ниту за Калум Хадсон-Одои.

Армандо Броја оди на продажба поради повреда, зашто тимот бара нов напаѓач, а исто така постои опција и Рис Џејмс да се пресели во Реал Мадрид, иако тоа е малку веројатно.

Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг, Едуард Менди, Кепа Аризбалага и Матео Ковачиќ, исто така, се на прагот да го напуштат Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …