На првото натпреварување во балканската лига кое се одржа во Приштина, јуниорките блеснаа со златен сјај. Бојана Михајловска и Ана Стојановска го освоија првото место во екипна конкуренција и играа во финалето во поединечна конкуренција. Победник беше Бојана Михајловска совладувајќи ја Ана Стојановска со 3:0.
Балканската лига во пинг понг е основана на иницијатива на неколку балкански држави, иницијативата за нејзино формирање беше во октомври во Скопје на ИТТФ турнирот за јуниори и кадети. Балканската лига е поддржана и од европската пинг понгарска федерација, за што повеќе од доволно зборува фактот дека на отворањето на првото натпреварување во рамките на оваа лига присуствуваше и претседателот на ЕТТУ Роналд Крамер.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
KTTA е домаќин на регионалната балканска лига “Conet TT”, која се одржува во Палатата на младите и спортот во Приштина.
На церемонијата на отворање на Балканската младинска лига, претседателот на ETTU, Крамер, рече дека е многу среќен што е дел од инаугурацијата на иницијативата на земјите од регионот да ја организира балканската лига.
“Вакви организации помагаат во промоција и развој на пинг-понг”, изјави Крамер.
На натпреварувањето во Балканската лига учество зедоа четири држави: Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора. Освен Албанија која имаше свои учесници само во една категорија во кадети, останатите три држави учествуваа во сите четири категории.
Нашата репрезентација беше претставувана од:
Кадетки:
Фани Јованоска, Сара С.Стојановска
Кадети:
Лука Стојчев,Александар Јакимовски
Јуниорки:
Бојана Михајловска, Ана Стојановска
Јуниори:
Теодор Волканоски, Даниел Зхоу Главевски
Најголем успех постигнаа јуниорките освојувајќи прво место во екипна конкуренција и прво и второ место во поединечна конкуренција.
Од јуниорите Даниел Главевски Зхоу го освои третото место, додека Сара С.Стојановска исто така беше трета во конкуренција на кадетки. Нашите натпреварувачи кај кадетите не успеаја да ги поминат елиминициите во групните натпревари.
Кадетите екипно беа третопласирани од четири репрезентации, кадетките беа втори од три репрезентации, додека најслаб пласман остварија јуниорите беа последно пласирани од три репрезентации.Следното натпреварување во рамките на балканската лига ќе се одржи во Скопје на 8 и 9 Февруари, 2020 година.