Репрезентативната пауза некои клубови ја искористија да одиграат пријателски натпревари со цел да останат во форма пред продолжение од сезоната.
Екипата на Удинезе која сезонава е едно пријатните изненадувања во Серија А забележа убедлива победа против Чионс од 10:2. Македонскиот напаѓач Илија Несторовски на оваа средба ги постигна половина од головите за својот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Очигледно Нестор полека се враќа во потребната форма после тешката повреда. Ќе потсетиме, тој не беше во конкуренција за настап за Македонија во изминатиот период, а селекторот Благоја Милевски изјави дека Несторовски ќе добие повик кога ќе биде максимално спремен.
Викендот во Серија А Несторовски и Удинезе ги очекува натпревар против Верон во кој ќе се обидат да дојдат до шестата победа во низа.