Дома Фудбал Англија Блескаа Кејн и Сон, Тотенхем во меч со девет гола ги победи ѕвездите на корејската лига

Блескаа Кејн и Сон, Тотенхем во меч со девет гола ги победи ѕвездите на корејската лига

Aнглискиот премиерлигаш побенички ги стартуваше подготовките за новата сезона.

Тимот на Антонио Конте во пријателски натпревар беше подобар од „ол-стар“ тимот на корејската К-лига со 3:6. Во еден одличен натпревар со многу голови Дајер го отвори резултатот после половина час игра. До крајот на полувремето Чо Гуе-Сонг изедначи на 1:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тотенхем до водство дојде со автоголот на Ким Јин-Хјеок (1:2). Само пет минути подоцна Велдивјик погодува 2:2. Тогаш на сцена стапија главните ѕвезди на Тотенхем, Кејн и Сон кои погодуваа за 2:4, Амано намали на 3:4, но до крајот со по уште еден гол на Кејн и Сон Тотенхем дојде до победа од 3:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…