Дома Трансфер зона „Бисерот“ од Динамо Загреб на чекор до Рома

„Бисерот“ од Динамо Загреб на чекор до Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома го договорила трасферот на „бисерот“ на Динамо Загреб, Анте Чориќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот офанзивен играч за врска беше мета на многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул. Но спортскиот директор на „волчицата“, Мончи успеа да ја победи конкуренцијата.

„Калчомеркато“ пренесува дека двата клуба веќе постигнале начелен договор и Чориќ од следното лето ќе се пресели на „Олимпико“.

Рома за неговиот потпис на Динамо Загреб ќе му плати 12 милиони евра, а Хрватот ќе потпише 5-годишен договор.

Чориќ има 128 настапи за Динамо Загреб на кои постигна 27 гола, а во 2016 година дебитираше и за хрватската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…