Дома Фудбал Останато Билет за битката на Меси и Роналдо достигна цена и од 2.6 милиони долари!

Билет за битката на Меси и Роналдо достигна цена и од 2.6 милиони долари!

ПСЖ во четвток ќе игра пријателски натпревар против најдобрите играчи составени од Ал Наср на Роналдо и Ал Хилал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар ќе биде нова, веројатно последна битка помеѓу Меси и Кристијано Роналдо. Токму затоа цените на билетите за овој натпревар се астрономски.

Така најскапиот билет достигнал цена од 2.6 милиони долари и станува збор за специјална влезница со која сопственикот ќе има многу привилегии.

Тој билет е ставен на аукција која завршува денес, а понудата од 2.6 милиони долари е од бизнисменот Мушреф Ал Гамди, сопственик на менаџер на групција за недвижнини.

Со оваа влезница се добива можност да се биде долу на теренот на доделувањето признанија, но и лично да се запознае со Роналдо и Меси, но и многу други поволности.

За Меси и Роналдо ова ќе биде прва битка по дуелот во 2020 година кога Јувентус ја победи Барселона со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Додека го чека Баркола, Ливерпул, тргна по друго крило од ПСЖ

Ливерпул, кој со нетрпение го следи развојот на настаните со Пари Сен Жермен и Бредли Барк…