Белорусија е една од ретките земји во светот и единствена во Европа каде што се игра фудбал во ек на пандемијата со коронавирусот.
Поголемиот дел од јавноста се чуди и не му е јасно зошто кога сите паузираат Белорусите се упорни и играат и тоа пред публика. Црногорскиот репрезентативец Огњен Роловиќ кој го носи дресот на Минск објасни зошто таму се игра фудбал.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Малку е да се каже дека неговата изјава е зачудувачка и бизарна.
„Навистина е глупаво што само ние играме. Тука коронавирусот го сметаат за секојдневна појава и кажуваат дека не треба да се плашиме. Најчест одговор кој ќе го слушнете е „ти не си машко, ако се плашиш од корона. Во ваква ситуација е навистина тешко да се игра. Констатно помислувате дали има некој заразен од тие против кои играте, а од дрга страна не можете да кажете „не играм“. И не сте само вие тука е вашето семејство, се плашите нив да не им однесете нешто. Верувам дека 90% од фудбалерите ќе ви го кажат истото. Ако се прашуваме ние (фудбалерите) не би играле“, објасни Роловиќ.