Дома Македонски спорт Мак фудбал Бејтулаи: Влегуваме во форма во вистински момент

Бејтулаи: Влегуваме во форма во вистински момент

Во овој момент екипата на Шкендија е единствената непоразена во македонската прва лига и тетовскиот клуб се наоѓа на првата позиција.

Репрезентативецот на Македонија од редовите на Шкендија, дефанзивецот Егзон Бејтулаи смета дека Шкендија влегува во форма во вистинско време.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Задоволни сме од позитивната енергија и последните три победи, се поставивме на одличен начин во овие натпревари. Тимот влегува во вистинска форма во најважниот период од полусезоната, кога има осцилации што можат да дојдат поради замор. Среќни сме што правилно постапувавме и затоа сега сме тука каде што сме“.

Овој викенд Шкендија ја чека гостување кај Академија Пандев во Струмица. „Никој натпревар не е лесен, свесни сме што не чека во недела. Важно е само да се одмориме во овие два дена и што подобро да се спремиме за натпреварот“, изјави Бејтулаи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…