Eлијаквим Мангала во 2014 година доби статус на на најпреспективен стопер откако воодушеви со настапите за Порто. Подоцна направи трансфер во Манчестер Сити, но тогаш неговата кариера тргна во надолна линија.
Со трансферот од 55 милиони евра, плус бонуси во тоа време беше најскап дефанзивец во историјата на британскиот фудбал. Очекувањата дефинитивно не ги исполни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Сити разочара и стана четврти или петти дефанзивец по хиерархија, стана јасно дека мора да бара нов клуб, па се пресели на позајмица во Вленсија. Позајмицата ја одработи добро, па шпанскиот клуб го откупи неговиот договор.
Но, во втората етапа во Валенсија повторно дојдоа проблемите, а клубот не му го продолжи договорот кој му истече во 2021 година. Следуваше обид во Сент Етјен каде што не се прослави.
Сега на 31 година Мангала е слободен играч и тешко му е да пронајде клуб.
„Подолго време не можам да најдам клуб. Имам план и морам што е можно побрзо да пронајдам клуб. Фудбалот е моја страст, мотивиран сум да дадам се од себе. Фудбалот е играта која ме прави среќен“, порача Мангала.