Дома Фудбал Англија Бербатов: Никогаш не го видов Роналдо да пие, ниту на божиќните забави

Бербатов: Никогаш не го видов Роналдо да пие, ниту на божиќните забави

Димитар Бербатов прилично добро го познава Кристиано Роналдо затоа што со него ја делеше соблекувалната во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот бугарски напаѓач за Роналдо има само пофални зборови поради неговите откажувања, пожртвуваност и посветеноста на фудбалот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Ја имав таа среќа да играм со него. Тренинг со Роналдо беше како војна бидејќи не мислеше ништо друго освен како да победи во натпреварот за кој се спремавме“, изјави бугарскиот фудбалер.

Откри и дека во тоа време во Јунајтед се организирале божиќни забави помеѓу играчите.

„На божиќните забави кои ги организиравме ние играчите одлично си поминувавме, но ниту тогаш не го видов Роналдо да пие алкохол. Водеше екстремна грижа за себе. Кога ќе дојдев на тренинг, тој веќе беше во теретаната. Беше одлучен да стане најдобар“, зборуваше Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Избрани најдобрите во Серија А за изминатиот месец

Фудбалерот на Наполи, Грузиецот, Квича Кварацхелија е прогласен за најдобар фудбалер во ит…