Дома Фудбал Бензема изедначи рекорд на Меси!

Бензема изедначи рекорд на Меси!

Францускиот напаѓач Карим Бензема продолжи да игра во одличен ритам и постигна гол во триумфот на Реал Мадрид над Валенсија во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Овој 35-годишен напаѓач стана втор фудбалер во историјата на натпреварувањето кој постигнал гол на пет меча по ред.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Бензема го повтори успехот на Лионел Меси, кој постигна осум погодоци на пет меча во натпреварувањето во период од 2010 до 2012 година за Барселона.

Французинот, исто така, стана втор фудбалер на листата со највозрасни стрелци во дуелите од Суперкупот, додека на прво место останува неговиот колега Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…