Дома Топ вести Бензема знае кој е проблемот на Мбапе – Винисиус!

Бензема знае кој е проблемот на Мбапе – Винисиус!

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема за „Ел Чирингито“ зборуваше за досегашниот учинок на Килијан Мбапе во престолнината на Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вториот најдобар стрелец во историјата на Реал зборуваше на разни теми, а за слабата форма на Килијан Мбапе смета дека проблем е Винисиус Жуниор.

„Според менем проблем е што Мбапе не е класичен центрфор. Секогаш кога игра за Франција како „деветка“ тоа не изгледа добро. Тоа не е негова позиција. Го има тој проблем што на левата страна игра Винисиус кој е на негово ниво.

Вини не можете да го ставите десно или шпиц. Тој прави разлика на левата страна и гледаме како го користи Анчелоти.Притисокот во Реал Мадрид е поголем, не е како во ПСЖ. Не смее да се откаже“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ули Хенес: Барсенало нема пари за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го пофали Хари Кејн. Зошто проблемот со …