„Ќе испаднеме вистински идиоти ако не ја поминеме групата. Токму тоа, идиоти“…Вака зборуваше тренерот на Наполи, Карло Анчелоти после натпреварот против Црвена Звезда пред две недели.
Во последното коло на гостувањето кај Ливерпул на Наполи му беше потребен и бод за да го обезбеди пласманот во нокаут фазата. Но „црвените“ славеа победа од 1:0 и така тие се пласираа во елиминационата фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вирџил Ван Дијк, стоперот на Ливерпул и најскап во историјата во 13-тата можеше да биде исклучен поради жестокиот старт над Дрис Мертенс. Место тоа, доби само жолт картон.
Van Dijk got the ball first but his leg in that sliding tackle wasn't on the ground, which makes it a foul and a fair yellow. pic.twitter.com/TqsHkdCWAv
— Artur Petrosyan (@arturpetrosyan) December 11, 2018
На самиот крај од натпреварот напаѓачот на Наполи Милик имаше голема прилика за изедначување, но Алисон запиша една чудесна интервенција. На тој начин Алисон го одведе Ливерпул во осминафиналето, а Наполи го испрати во Лигата на Европа.
"Oh what a save, from Alisson to deny Milik. That's why Liverpool spend the big bucks on the Roma goalkeeper for moments like that" pic.twitter.com/IWvYqlgHaR
— #TheKloppEffect (@LFC8FAN) December 11, 2018
После ова станува јасно дека Наполи е најнесреќениот клуб во Лигата на шампионите.
Уште еднаш не поминаа група на начин кој е неверојатно болен за играчите и навивачите.
Ниту овој пат немаа среќа со ждребот, ја добија најтешката група, Но, во четири натпревари со силните ривали (Ливерпул, ПСЖ) имаа само еден пораз. Во последниот натпревар на погоре опишаниот начин.
Наполи и Ливерпул имаат ист број на бодови, ист меѓусебен дуел и иста гол разлика. Ливерпул помина во следната фаза поради четвртиот критериум – повеќе постигнати голови.
Италијанскиот клуб така стана првиот клуб после 2004 година и Динамо Киев кој во последното коло од групата влегол како првополасиран и бил елиминиран.
На овој клуб нешто слично му се случи пред пет години кога на уште повеќе болен начин останаа без нокаут фазата од ЛШ.
Тогаш завршија како третопласирани зад Борусија Дотмунд и Арсенал, иако имаа дури 12 освоени бодови. Што повеќе, исто толку имаа и клубовите кои беа пред Наполитанците. Наполи испадна бидејќи во тој круг имаше најлоша гола разлика.
За Италијанците се ќе беше поинаку доколку во натпреварот против Борусија Дортмунд во кој имаа водство од 2:0 и играч повеќе не примеа гол на три минути пред крајот на натпреварот…
Дефинитивно ова е најнесреќниот клуб во Лигата на шампионите!