Дома Топ вести Бартра шест години по епскиот спринт на Бејл откри – го тешел и судијата! (ВИДЕО)

Бартра шест години по епскиот спринт на Бејл откри – го тешел и судијата! (ВИДЕО)

Вчера изминаа точно шест години од финалето во „Копа Дел Реј“ кое најмногу се памети по спринтот и голот на Герет Бејл.

Бејл тогаш со еден неверојатен спринт го остави Марк Бартра зад себе стигна до топката и го матираше Пинто на голот. Тој гол беше победнички за Реал кој триумфираше со 2:1. За Бартра тоа беше прв натпревар против Реал Мадрид и изгледаше како од соништата бидејќи тој изедначи на 1:1, меѓутоа потоа се случи моментот во кој Бејл го претрча покрај аут линијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На социјалните мрежи Бартра вчера вечер беше потсетен од Икер Касиљас на овој момент.

„Ми беше навистина тешко, бев дете кое дојде од младинскиот тим и играв прв пат против Реал Мадрид на така важен натпревар. Освен тоа му дадов гол на Икер Касиљас, а по неколку минути се беше претворено во катастрофа. Добив навистина тежок удар“.

„Сакам да зборувам за ова затоа што не сум зборел уште од тогаш и се сеќавам дека ти дојде кај мене да ме утешиш после натпреварот. Тогаш сфатив дека Икер е голем човек и спортист. Со се она што имаше освоено зад себе дојде да ме утешиш и да ми дадеш сила. Од грешките се учи, иако тоа мислам дека не беше грешка. Беше заслуга на Бејл. Веројатно секој друг играч ќе ја сметаше топката за загубена и ќе се фрлеше на тревата кога му го попречив патот, но тој одлучи да трча, таа акција е заслуга на неговите квалитети“.

„Даде гол, а јас бев уништен на тревата, слушнав „ајде Бартра станувај, ти си машина, стани“. Кога се свртев видов дека тоа е судијата Матео Лахоз“, раскажа Бартра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Новинарите го налутија Анчелоти со прашање за Мбапе

Сезонава Килијан Мбапе на 16 натпревари за Реал Мадрид постигна осум гола и забележа две а…