Дома Фудбал Бартомеу убеден: Меси ќе ја заврши кариерата во Барса

Бартомеу убеден: Меси ќе ја заврши кариерата во Барса

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е убеден дека Лионел Меси ќе ја заврши кариерата во каталонскиот клуб.

Последните денови се појавија шпекулации дека Меси ги прекинал преговорите со Барселона за продолжување на соработката и дека донел одлука да го напушти „Камп Ноу“.

Сепак, Бартомеу категорично ги демантираше таквите твдрдења и истакна Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона.

„Меси сака фудбалската кариера да ја заврши во Барса. Нема да влегувам во детали, бидејќи сме фокусирани на првенството, а и преговараме со многу играчи. Меѓутоа, Меси самиот кажа дека сака да остане, па можам да ве уверам дека ќе го гледаме во Барса уште долго време“, изјави Бартомеу.

Договорот на Меси со Барселона истекува следното лето, а клубот веќе започна преговори за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се противниците на Левски во Лига Европа, Серафимов ќе игра против европски гиганти (Фото)

Денеска беше извлечена ждрепката за лигашката фаза во Лига Европа, по која 36-те учесници …