Барселона денеска објави дека Кутињо е нов член на клубот, а Ливерпул на име обештетување ќе инкасира 160 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонците објавија дека бразилецот ќе потпиша договор на пет ипол години, додека откупната клазула во договорот ќе изнесува 400 милиони евра.
На официјалниот сајт на Барселона, Кутињо, се наведува како најталентираниот играч од средниот ред во светот, а црвените за мала сума го донесоа од Интер во 2013. година. Набрзо стана еден од клучните играчи на Енфилд.
Сагата околу овој трансфер траеше долго, но денеска клубовите конечно постигнаа договор.