Лидс и Барселона постигнале договор за трансфер на Бразилецот Рафиња на „Камп Ноу“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рафиња беше пред трансфер во Челзи, но Барселона во последен момент испрати нова понуда од 60 милиони евра плус 10 милиони евра како бонуси, колку што бараше Лидс.




Бразилецот од самиот старт преферираше трансфер во Барселона и од поодамна има договор со Каталонците.




Последните информации се дека двата клуба ги договориле последните детали и трансферот на Рафиња на „Камп Ноу“ е само прашање на време.
🚨 Barcelona signing Raphinha from Leeds is just a matter of time. ⏳
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 6, 2022
(Source: @gerardromero)