Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луис.
Каталонците внимателно ги гледале настапите на 22-годишниот дефанзивец пред Серија А да биде суспендиран поради ширењето на коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скаутите на Барселона се задоволни од неговите партии и клубот спрема понуда ова лето. Договорот на дефанзивецот истекува 2022 година, но Лацио сака да го задржи и сигурно ќе му понуди нов договор.
Сепак, играчот тешко дека би можел да ја одбие понудата на Барселона, која е спремна да плати 40 милиони евра за неговиот потпис.
Фелипе Луис оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио.