Дома Трансфер зона Барселона сака да се ослободи од Кутињо

Барселона сака да се ослободи од Кутињо

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, дури и тоа да биде за цена пониска од неговата реална вредност.

Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во моментов Кутињо има 90 настапи во дресот на Барса, а повредата оваа сезона го спречи да дојде до 100-от настап.

Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона сака за неговата слобода да добие 50 милиони евра, но е спремна да прифати и помала понуда за Кутињо.

Најсилен интерес за Кутињо покажуваат неколку клубови од Премиер лигата и од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…