Дома Фудбал Останато Барселона му должи на Меси 39 милиони евра

Барселона му должи на Меси 39 милиони евра

Барселона и Меси се разделија, а шпанските медиуми пишуваат дека Барса на Меси му должи 39 милиони евра.

Ситуацијата е слична како онаа која ја имаше Нејмар кога во 2017 година премина од Барселона во ПСЖ. Бразилецот пред да замине за Франција потпиша договор со Барселона во кој стоеше дека има право на бонус на лојалност. Случајот се реши пред суд, неодамна – тука.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Претходниот петгодишен договор на Меси беше тежок 550 милиони евра, а за лојалност кон клубот требало да добие уште 144 милиони евра. Аргентинецот првиот износ го добил во 2020 година, уплатено му било 66 милиони евра, преостанале 78. Според пишувањето на медиумите Барселона оваа година му исплатила 39 и требала уште толку. Поради големите финаниски проблеми, Каталонците не го исполниле ветувањето.

Меси за ПСЖ потпиша до 2023 година со можност договорот да се продолжи на уште една година. По сезона ќе заработува околуу 35 милиони евра, во зависност од бонусите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид со џентлменски потег за Андрес Иниеста

Легендарниот играч за врска на Барселона и на шпанската репрезентација, Андрес Иниеста, од…