Дома Топ вести Барселона и Ливерпул спремаат трампа

Барселона и Ливерпул спремаат трампа

Барселона и Ливерпул спремаат интересна трампа во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона сака да се ослободи до Депај, кој има висока плата и влезе во последната година од договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Холанѓанецот не е во плановите на тренерот Чави и ретко добива шанса за игра, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Од друга страна слична е ситуацијата и со Фирмињо во Ливерпул, кој исто така влезе во последната година од договорот.

За да не ги загубат двајцата фудбалери без обештетување, двата клуба се спремни да направат трампа во јануари.

На Клоп му се допаѓа стилот на игра на Депај бидејќи Холанѓанецот може да игра на повеќе позиции во нападот.

Чави исто така е фан на играта на Фирмињо, па наскоро двата клуба ќе започнат преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…