Дома Останати Тенис Ѓоковиќ доби нова улога заедно со најубавата спортистка на светот

Ѓоковиќ доби нова улога заедно со најубавата спортистка на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и една од највлијателните спортистки на денешницата, скијачката Ајлин Гу, ќе бидат домаќини на овогодинешното доделување на „Laureus World Sports Awards”. Ова е прв пат во историјата улогите на водители на најпрестижната спортска церемонија во светот да ги преземат двајца спортисти, соопштија организаторите.

Спектаклот, кој многумина го нарекуваат „Спортски Оскар”, ќе се одржи во понеделник, 20 април, во култната градба “Palacio de Cibeles” во Мадрид.

Новак Ѓоковиќ, рекордер со пет освоени Laurius статуети за најдобар спортист во светот и сопственик на 24 Гренд слем титули, ќе ги здружи силите со Ајлин Гу, најнаградуваната скијачка слободен стил во историјата и добитничка на Laurius за 2023 година.

Овој потег на организаторите ја нагласува репутацијата на Laurius како „награда која ја доделуваат спортисти за спортисти”, со оглед на тоа што победниците се одлучуваат од Академијата составена од 69 спортски легенди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…