Дома Фудбал Што се случи со Мaнингер? Истражувачите имаат важна предност во истрагата на тешката несреќа

Што се случи со Мaнингер? Истражувачите имаат важна предност во истрагата на тешката несреќа

Австриските власти интензивно работат на осветлување на околностите околу тешката несреќа во која настрада поранешниот голман Александар Манингер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Несреќата се случи во малото место Нусдорф ам Хаунсберг близу Салцбург, а во истрагата е вклучен и експертот за сообраќај Герхад Кронрајф за да се реконструира секој детал на настанот.

Иако силата на сударот речиси го уништи возилото, истражувачите имаат важна предност – станува збор за понов модел на автомобил кој овозможува детална анализа на податоците.

Експертите моментално ги анализираат информациите од контролните единици на возилото, вклучувајќи го системот за воздушни перничиња и работата на моторот. Врз основа на тоа ќе се обидат да ја утврдат брзината на движење пред сударот, како и користењето на педалите за гас и кочница.

Освен тоа, ќе бидат реконструирани и движењата на управувачот за да се утврди дали Манингер се обидел да ја избегне несреќата.

Фокусот на истрагата се и податоците поврзани со возот кој учествувал во сударот, како и трагите на преминот, вклучувајќи ги отпечатоците на пневматиците.

Целта е да се утврди што поточно текот на настаните, односно кој и во кој момент можел да ја забележи опасноста и дали трагедијата можела да биде избегната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот го одбил Фулам, сака да биде селектор: Еве на која репрезентација!

Арне Слот го напушти Ливерпул и иако примил неколку понуди, не е подготвен да прифати сека…