Дома Фудбал Какви зборови од Нејмар за Јамал: Светот тоа уште не го видел!

Какви зборови од Нејмар за Јамал: Светот тоа уште не го видел!

Нејмар вели дека светот не видел таков талент како што е Ламин Јамал. 

Бразилецот во едно интервју со избрани зборови го опиша Шпанецот како генерациски талант.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Навистина верувам дека Ламине Јамал е најголемиот фудбалски тинејџерски феномен кој светот некогаш го видел. Имавме Лео Меси порано, потоа луѓето доста зборуваа и за мене, но ова што го прави Јамал на 18 години е неверојатно“, рече Нејмар.

Тој не крие дека жали што Јамал и Барса испаднаа од Атлетико Мадрид, бидејќи беа подобар тим.

„Бев навистина тажен за него кога Барселона испадна од Лигата на шампионите. Јамал даде сè од себе, постигна гол, започна пресврт, но фудбалот е едноставно таков и апсолутно сè е можно. Сепак, неговото време доаѓа и се надевам дека веќе следната година ќе ја освои Лигата на шампионите. Зошто тогаш не и Златната топка? Навистина е неверојатен. Тој е еден од оние фудбалери кои ќе ја имаат мојата поддршка и наклоност засекогаш”, заклучи Нејмар. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во соблекувалната на Баерн – паднаа сериозни обвинувања!

Ким Мин-Џае се најде во центарот на вниманието откако се појавија информации дека е подгот…