Во Барселона се уште не можат да го преболат поразот од Ливерпул (4:0) и елиминацијата во полуфиналето од ЛШ.
Од каталонскиот клуб се очекуваше оваа сезона да ја освои ЛШ, но во шокантното полуфинале на крајот испаднаа од Ливерпул иако после првиот натпревар имаше предност од 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот Барса во реваншот доживеа бламажа и пораз од 4:0 и така втора година по ред шокантно се опрости од ЛШ. Овој пораз ги налути навивачите на каталонскиот клуб кои немаа милост спрема своите миленици.
Сите играчи добија жестоки критики, а на мета дури се најде и Лео Меси. Тој дојде во вербален дуел со група навивачи на аеродромот во Ливерпул, што очигледно го повредило.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси го променил своето однесување поради се што се случи. Исто така на Меси не му се допаднало тоа што навивачите на овој клуб им свиреа на Кутињо и Бускетс на натпреварот против Гетафе кој се одигра на Камп Ноу минатиот викенд.