Шпанските медиуми пренесуваат дека неодамнешниот настап во „Ел Класико“ бил пресуден за управата на Барселона да одлучи во јануарскиот преоден рок да побара замена за Серхио Бускетс.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Челниците на каталонскиот клуб активно бараат негова замена, па со Каталонците се поврзуваат голем број играчи од средниот ред, како Рубен Невес, Жоргињо, Н’голо Канте и Јури Тиелеманс.




Сепак, наследник на Бускетс би можел да биде фудбалер кој не игра во „топ пет“ лигите, а медиумите пренесуваат дека се работи за дваесет и четиригодишниот играч на ПСВ Ибрахим Сангаре.




Талентираниот фудбалер на Брегот на Слоновата Коска пристигна во холандската лига во 2020 година и импресионираше многумина со своите настапи минатата сезона за тимот предводен од Роџер Шмит. Летово клубот од Ајндховен го презеде Руд Ван Нистелрој, а Сангаре го продолжи договорот до 2027 година.




Со оглед на тоа дека и тој беше поврзуван со преселба во Премиер лигата и се споменуваа понуди од околу 46 милиони евра, останува да се види колку пари Барса е подготвена да плати за да го доведе.