Дома Фудбал Барселона го „блиндира“ Ансу Фати со астрономска клаузула

Барселона го „блиндира“ Ансу Фати со астрономска клаузула

За време на пандемијата фудбалските клубови забележаа големи финансиски загуби, па поради тоа на Барселона и е јасно дека враќањето на Нејмар е готово невозможно.

Поради тоа Каталонците ќе се насочат кон сопствените ресурси, а весникот „АС“ тврди дека 17-годишниот Ансу Фати и официјално ќе биде префрлен во фудбалер на првиот тим.

Младиот талент во декември стави потпис на нов договор до 2022 година со откупна клаузула од 170 милиони евра.

Весникот тврди дека Барселона наскоро ќе го ревидира договорот и ќе постави нова откупна клаузула, која ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра.

Ансу Фати се уште е дел од резервниот тим на Барса, но Валверде му даде шанса во првиот тим оваа сезона, а потоа и кај Сетиен го покажа својот потенцијал.

Фати оваа сезона запиша 32 настапи во сите натпреварувања на кои постигна 8 гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул лесно го доби дербито со Арсенал 🎥

Фудбалерите на Ливерпул остварија победа во 3.коло од Премиер лигата против Арсенал со 3:1…