Дома Фудбал Барселона во големи проблеми: Чави ќе се мачи да ја „скрпи“ одбраната!

Барселона во големи проблеми: Чави ќе се мачи да ја „скрпи“ одбраната!

Повредата на Роналд Араухо сепак е од потешка природа и ќе мора да паузира до после Мундијалот.

Уругваецот нема да игра за Барселона до почетокот на ноември што значи дека Чави на него ќе може да смета дури после Светското првенство во Катар. Араухо се повреди во првата минута од пријателскиот натпревар на Уругвај против Иран и веднаш се упати за Барселона на дополнителни прегледи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првобитно се шпекулираше дека може да биде спремен до „Ел Класико“ на 16. октомври, но денешните тестови покажаа дека повредата е потешка. Сигурно нема да може да игра шест до седум недели што значи дека ќе се врати пред самиот почеток на Мундијалот.

Од друга страна Барселона е во голем проблем затоа што и Кунде се повреди за натпреварот на Франција против Австрија, а двајцата беа најдобрите дефанзивци на Барселона од почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Најголемиот предизвик во кариерата? Ливерпул и Јирген Клоп

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, трета година по ред се елиминирани од Лигата на шампионите…