Младите Шпанци ова лето го освоија Европското првенство за играчи до 21 година, а еден од играчите кои блесна е сигурно Дани Олмо.
Крилниот напаѓач на Динамо Загреб игра фантастично и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Олмо интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Милан, но единствена конкрентна понуда за него ова лето испрати Борусија Мехенгладбах од 16 милиони евра, која експресно беше одниена.
Олмо пристигна во Загреб од школата на Барселона во 2014 година како слободен играч, па сега Каталонците сакаат да ја поправат грешката.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека спортскиот директор на Барселона лично отишол да го гледа Олмо и спрема понуда за јануарскиот преоден рок.
Цената на Олмо вртоглаво расте, а во голема мера ќе зависи и од неговите настапи во Лигата на шампиони оваа есен.