Дома Фудбал Барса спрема „план Б“ и тој мора да се реализира!

Барса спрема „план Б“ и тој мора да се реализира!

Каталонците тешко ќе стигнат до првите желби на Ернесто Валверде, алтернативите веќе се на повидок.

Фудбалскиот клуб Барселона има намера да направи сериозни промени во екипата, но како што сега стојат работите тешко ќе успеат да ги реализираат посакуваните цели.

Андер Ерера беше една од желбите, но Манчестер Јунајтед ја отфрли можноста за преговори. Белерин звучи како реална опција, но Арсенал не сака да ја спушти цената и бара 50 милиони евра.

Слична е ситуацијата и со Марко Верати кој е најголема желба на управата на клубот, но се прашува ПСЖ кој нема намера да го пушти, иако Италијанецот наводно побарал да премине на „Камп Ноу“.

Во нападот последните денови се почесто се споменуваше името на Осман Дембеле од Борусија Дортмунд. Младиот Французин е незадоволен после заминувањето на Тухел и звучи како реална опција, но прашање е колку Барса е спремна да понуди.

Кои се алтернативите?

Каталонски „Спорт“ денес во јавноста пласираше приказна дека Ријад Марез чека повик од Барса, откако потврди дека заминува од Лестер ова лето. Алжирецот и минатата сезона се поврзуваше со Барселона, но сумата од 40 милиони евра беше превисока за Каталонците.

Се помалку се споменува враќање на Делофеу иако Барса има право да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра, но таа можност истекува на 30 јуни.

Во игра и понатаму е Нелсон Семедо кој е резервна опција доколку и официјално пропадне трансферот на Ектор Белерин.

Бидејќи Верати, Ерера, а посебно Кутињо се нерални мети често со Барселона се поврзува Кристијан Ериксен од Тотенхем. Данецот блеска во дресот на „петлите“, а и самиот неодамна изјави дека Барселона е клуб кој не се одбива.

После ова во медиумите се поставува прашањето дали „планот Б“ на каталонците со Семедо, Марез, Делфоеу, Ерикесен… е доволно добар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…