Дома Трансфер зона Барса се насочува кон слободни агенти: Тргнува по три големи ѕвезди

Барса се насочува кон слободни агенти: Тргнува по три големи ѕвезди

Барселона во летниот преоден рок не успеа да ги реализира сите трансфер желби бидејќи е во лоша финансиска состојба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналд Куман бараше да му биде доведен централен напаѓач, а Барселона немаше средства да го комплетира трансферот на Мемфис Депај.

Поради тоа Каталонците ќе се насочат кон доведување на слободни играчи, а „Мундо Депортиво“ тврди дека Барса уште во јануари ќе тргне по три големи ѕвезди.

Првата е Давид Алаба чиј договор со Баерн Минхен истекува на крајот на сезоната. Неговиот агент е во конфликт со Баварците и веќе стапил во контакт со Барселона, па уште во јануари може да потпише преддоговор со клубот од „Камп Ноу“.

Другиот играч е Анхел ди Марија од ПСЖ, кој се наоѓа во иста позиција и на лето ќе биде слободен агент. Барселона работи на негово привлекување и самиот играч сака да се врати во Шпанија.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона покажуав конкретен интерес и за Пол Погба, и сака да го примени истиот рецепт, но тој трансфер ќе биде тежок за реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…