Барселона синоќа се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони и нема особено претензии пред утрешниот ждреб.
Весникот „АС“ пренесува дека играчите на каталонскиот клуб единствено не сакаат да ја добијат Севиља во четвртфиналето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Причината е едноставна, бидјќи во тој случај ќе треба да играат цели четири меча против тимот на Монтела за неполн месец.
На 31-ви март Каталонците и гостуваат на Севиља во рамките на Примара, а на 21-ви април играат финале во Купот против тимот од Андалузија. Четвртфиналните натпревари во ЛШ на програмата се на 4-ти и 11-ти април.