Maкедонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов помина одлична предсезона во дресот на Штутгарт, а постигна гол и во првиот официјален натпревар во Купот на Германија против Динамо Дрезден (1:0).
Неколку клубови покажаа интерес за Чурлинов после добрите настапи, а еден од нив е Барнли кој сезонава се натпреварува во Чемпионшип откако минатата сезона испадна од најсилната англиска конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека Штутгарт ја одредил цената за Чурлинов и таа изнесува пет милиони евра.
Пред почетокот на сезоната германскиот тим ќе го продадеше Македонецот за три милиони евра, но по добрите настапи таа порасна.