Дома Македонски спорт Барди: Формата е подобра, добро е што во клубовите играме повеќе

Барди: Формата е подобра, добро е што во клубовите играме повеќе

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ремизираше против Финска во Скопје (1:1), во првиот од двата контролни натпревари во овој циклус.

Финците во првото полувреме стигнаа до водство, а ние изедначивме во вториот дел со голот од пенал на Енис Барди. Стрелецот на голот смета дека како што фудбалерите играат повеќе во клубовите, така се подига и формата во репрезентацијата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Полека сите играчи се враќаат во потребната форма, навистина е добро што и во нашите клубови играме доста од нас, тоа се виде дека е многу важно. Само да продолжиме вака, ова беше еден тест за нашата селекција пред натпреварите кои ги имаме во март следната година. Да бидеме во форма, секој да собере сили и да го дадеме максимумот“, изјави Барди.

Следниот натпревар Македонија го игра в недела против Азербејџан исто така во Скопје.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Родри одби да одговори дали ќе остане во Манчестер Сити по крајот на сезоната

Средниот ред на Манчестер Сити Родри одби да го коментира своето иднино во клубот по заврш…