Дома Топ вести Барди повторно го споредуваат со Меси – не се слободните удари во прашање!

Барди повторно го споредуваат со Меси – не се слободните удари во прашање!

Eнис Барди ужива во деновите на слава и неговата најдобра сезона во кариерата.

Двата погодоци против Атлетик Билбао од слободен удар за само неколку минути, голот против Леганес исто така од слободен придонесоа македонскиот бисер да биде споредуван со ѕвездата светскиот фудбал и член на Барселона Лионел Меси.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Барди оваа сезона има еден гол (6) помалку од Меси директно од слободен удар, но неговата ефикасност е поголема бидејќи Меси се обидел 46 пати, а Барди само 16 и тоа веќе е добро познато.

Сепак, по вчерашниот натпревар шпанските медиуми повторно го споредуваа Барди со Меси, овој пат во друг сегмент.

Леванте вчера во натпревар со девет погодоци ја совлада Барселона со 5:4 и со тоа и го нанесе првиот пораз во сезоната.
Барди на оваа средба стигна до два погодоци и вкупно 9 во сезоната.

Од постигнатите девет Барди шест постигнал надвор од шеснаесетникот, единствен фудбалер кој оваа сезона постигнал повеќе од него е погодувате – Лионел Меси!


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дејан Станковиќ се враќа на чело на Црвена Ѕвезда

Дејан Станковиќ ќе стане главен тренер на српска Црвена Ѕвезда во вториот дел од сезоната,…