Дома Македонски спорт Барди, Барди, Барди, пофалби од сите страни: Тој е најдобрата зделка во Европа!

Барди, Барди, Барди, пофалби од сите страни: Тој е најдобрата зделка во Европа!

Сите добро знаеме што прави Барди во Шпанија, пофалби за Македонецот пристигнуваат од сите страни, Европа слушна за македонскиот „бисер“!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некои кога во прашање се слободните удари го споредуваат дури и со Кристиано Роналдо, но и со право, Барди за само два месеци поминати во Шпанија, сметајќи ги го и припремниот период постигна двојно повеќе погодоци од слободни удари отколку Португалецот во текот на целата сезона минатата година.

Сега новинарот Сајмано Харисон кој работи како специализиран новинар за шпанскиот фудбал во „WhoScored“, англиското издание на „Марка и „Унибет“ испрати големи пофалби за нашиот интеренационалец.

Харисон го истакнува Македонецот кој во Леванте пристигна само два милиони евра како најдобрата зделка направена во изминатиот преоден рок во Европа. Навистина, големо признание за македонскиот фудбалер, но и мотив да продолжи со фантастичните настапи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Oвие снимки ги загрижија Французите: Што се случува меѓу Канте и Мбапе? (Видео)

Светското првенство уште не започнало, а француската репрезентација веќе е под лупа поради…