Потрагата по нов ангажман Марио Балотели, како што пишуваат италијанските медиуми, успешно го заврши.
Откако се раздели со Марсеј името на овој контроверзен напаѓач со недели се поврзуваше со бројни клубови. Во еден момент се чинеше дека ќе се пресели во Бразил, поточно во Фламенго, но на крајот сепак ќе се врати во Италија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Имено, Балотели се враќа на местото во кое порасна – Бреша. Медиумите во Италија пишуваат дека синоќа овој 29-годишен играч потпишал договор, но сепак клубот тоа не го споделил со јавноста поради суеверието во кое верува претседателот на клубот Селино.
Бидејќи денеска е 17. август, Селино одлучил официјалната потврда на трансферот да почека, бидејќи бројот 17 со години го избегнува до таа мера што никој во клубот не смее да го носи, ниту на стадионот постои седиште со тој број, а за неговата “лудост“ претходно пишувале светските медиуми.
Се шпекулира дека Балотели во Бреша ќе заработува 1.5 милиони евра годишно, со дополнителни бонуси за секој настап, постигнат погодок, како и повик во репрезентацијата, а договорот автоматски ќе биде продолжен доколку неговиот тим избори опстанок во Серија А.