Се поврзуваше Марио Балотели со разни клубови во текот на изминатиот период, но контроверзниот италијански напаѓач се уште е без клуб.
Името на Балотели се поврзуваше со Палермо, ЦСКА Софија, па и со шпанскиот третолигаш Интерсити, но италијанските медиуми пренесуваат дека сега напаѓачот добил понуда каква што чека.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во редовите на екипата на Торино се повреди Дуван Запата и Торино ги разгледува опциите од напаѓачите кои немаат клуб, а Балотели наводно е една од нивните најголеми желби во таа конкуренција.
Поранешниот репрезентативец на Италија би можел да помогне, иако нема клуб Италијанците наведуваат дека тој самостојно тренира и се одржува во добра физичка форма.
Балотели во Италија играше за Интер, Милан, Бреша и Монца, а настапуваше уште за Лумецано, Манчестер Сити, Ница, Марсеј, Сион и Аданаспорт кој беше негов последен клуб.