Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн ја заврши работата, Жиру со „ножички“ го реши Атлетико 🎥

Баерн ја заврши работата, Жиру со „ножички“ го реши Атлетико 🎥

Баерн Минхен со една нога е во четвртфиналето откако оствари висока победа во Рим. Челзи минимално славеше над Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците тргнаа фуриозно од самиот старт и дојдоа до водство уште во 9-та минута со голот на Роберт Левандовски после големата грешка на одбраната на Лацио.

Потоа на 2:0 зголеми тинејџерот Мусиала. 17-годишниот фудбалер постигна прекрасен гол и тоа на својот прв настап во стартниот тим на Баерн во Лигата на шампиони. До полувремето Сане погоди за високи 3:0.

Н стартот на вториот дел  Ачерби си посигна автогол, а неколку минути подоцна Кореа намали на 4:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Атлетико Мадрид и Челзи одиграа тврд, тактички натпревар. Челзи имаше иницијатива од самиот старт, а „јорганџиите“ спорадично се закануваа преку контранапади.

Мрежите мируваа се до 69-та минута кога Оливие Жиру постигна фантастичен гол со „ножички“ и му донесе победа на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…