Дома Фудбал Германија Баерн остана без одбрана – се повреди и Лука Хернандес

Баерн остана без одбрана – се повреди и Лука Хернандес

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Лука Хернандес ќе отсуствува од терените подолго време откако синоќа ги повреди лигаментите од зглобот.

Најскапото засилување во историјата на Баерн се повреди на синоќешното гостување кај Олимпијакос во Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Францускиот репрезентативец се повреди во 58-та минута и веднаш го напушти теренот, а потоа стана јасно дека се повредени лигаментите на зглобот.

„Баерн ќе биде без Хернандес во престојниот период. Тој има делумно кинење на лигаментот на десниот глужд“, потврдија од Баерн.

Ова е исклучително лоша вест за Баварците кои пред неколку дена останаа без Николас Суле, кој поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мбапе се појави на неочекувано место, но ниту неговата поддршка не му помогна на поранешниот соиграч (Фото)

Два натпревари од групата А на Купот на Африканските Нации беа одиграни претходниот вечер,…