Дома Трансфер зона Баерн Минхен ја одредил цената за Левандовски

Баерн Минхен ја одредил цената за Левандовски

Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Роберт Левандовски донел одлука и веќе ги информирал челниците на Баерн дека планира да си замине ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот напаѓач има уште една година од договорот со германскиот гигант. Како главен кандидат за негово доведување е Барселона, меѓутоа Каталонците ќе мораат да платат оштета.

Според весникот „Спорт“ Баерн за Левандовски ќе бара сума од 60 милиони евра.

Засега не е познато дали оваа сума би претставувала проблем за Барселона која нема преголем буџет на располагање поради финансиската криза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…