Минатата година Лигата на шампионите се прекина поради пандемијата, па се доигра во турнирски систем во Лисабон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До европската круна стигна Баерн Минхен, но гигантот од Минхен не е и тимот кој заработил најмногу. Имено, финалистот ПСЖ од минатата сезона во ЛШ заработил 126 милиони евра и тоа е повеќе од било кој друг клуб.
Приходите на клубовите ги објави шпанска „Марка“, а од нив може да се се заклучи дека УЕФА за Лигата на шампионите поделила 1.6 милијарди евра и уште 478 милиони за Лигата на Европа.
Интересно е што двата клуба кои се на врвот по заработката од минатата сезона во ЛШ се и двата европски гиганти кои не се сложија да бидат дел од Суперлигата од која клубовите брзо се откажаа.
ЗАРАБОТКА НА КЛУБОВИТЕ ВО ЛШ МИНАТАТА СЕЗОНА
