Дома Фудбал Германија Баерн во втор обид да го доведе Лев?!

Баерн во втор обид да го доведе Лев?!

Минхенски Баерн има намера наредното лето после Светското првенство Русија да го доведе сегашниот селектор на Германија, Јоаким Лев, тврди „Билд“.

Баварците се надеваа дека можат Јуп Хејнкес да го задржат и наредната сезона, но барем засега тој ја одбива таквата можност.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според информациите на „Билд“ тие го контактирле Јоаким Лев и после заминувањето на Анчелоти, но тој не сакал да ја напушти репрезентацијата пред Мундијалот во Русија.

Сега Хејнкес е тука привремено, а Лев наводно би се согласил да ја превземе репрезентацијата по завршувањето на Светското првенство.

До сега како кандидати за клупата на Баерн се споменуваа Јулијан Нагелсман и Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…