Дома Трансфер зона „Атлетик“: Реал Мадрид повторно е опција за Мбапе!

„Атлетик“: Реал Мадрид повторно е опција за Мбапе!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Реал Мадрид не ја затворил во целост вратата за Килијан Мбапе, пренесува „Атлетик“.

Шпанскиот новинар Марио Кортахења утрово објави новитет во целата приказна, посебно затоа што се знае начинот на кој двете страни ги завршија преговорите. Имено, иако Мбапе беше означен како предавник двете страни останале во контакт.

Во текстот се потсетува дека Килијан Мбапе по потпишувањето на договорот со ПСЖ летото имаше неколку испади и искажување незадоволство како на терен така и надвор од него. Французинот сакаше екипата да биде посилна за да се бори за Лигата на шампионите.

Сакаше круцијална улога во сето тоа…Беше незадоволен од улогата која Галтие му ја дава на теренот на левата страна. Сето тоа се детали за кои се сметаат дека постепено ги оддалечуваат играчите од клубот, посебно ако се знае дека на почетокот во преговорите Мбапе имаше желба да премине во Реал.

„Единствениот клуб кој може да го извлече во воој момент е Реал Мадрид. Можеме да поставиме цена од 400 милиони евра или едноставно да не поставиме никаква, нека биде произволна“, изјавил анонимен извор од ПСЖ за „Атлетик“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и ПСЖ се договорија, но трансферот на Зијеш пропадна поради документацијата

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Челзи во последните моменти од преодниот рок…