Атлетико Мадрид покажува силен интерес за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо, пренесуваат шпанските медиуми.
Симеоне е во потрага по напаѓач после заминувањето на Куња, па смета сека Фирмињо идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фирмињо иако ова лето остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.
Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, но договорот на Фирмињо истекува на крајот на сеозната.
Атлетико веќе почнал преговори со неговиот агент и ќе се обиде да го донесе без обештетување на лето.