Дома Фудбал Атлетико и капитенот на „јорганџиите“ ги делат само 30 минути од нов договор

Атлетико и капитенот на „јорганџиите“ ги делат само 30 минути од нов договор

Габи и Атлетико автоматски ја продолжуваат соработката.

Атлетико Мадрид и долгогодишниот капитен на овој клуб, Габи (35) се наоѓаат на чекор од продолжување на договорот, буквално 30 минути…

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Имено, потребно е искусниот ветеран да одигра само уште еден натпревар во црвено-белиот дрес (барем половина часа) па договорот да му се продолжи за нови 365 дена.

Таква е политиката на „јорганџиите“ кои тоа го практикуваат уште кога Габи наполни 30 години, а во секој договор автоматски постои клазула за продолжување на договорот доколку Габи одигра 25 натпревари во Примера и Лигата на шампионите. Во овој момент тој има 24.

Секако, постои и голема доверба помеѓу клубот и играчот кој во 2011 година пристигна од Сарагоса за три милиони евра. Од тој момент е еден од главните фудбалери во успесите на „јорганџиите“ во последните сезони (титула во Примера и две финалиња во Лигата на шампионите).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ги шокира: По 120 години се изборија за Европа, а сега – нема да играат?!

Фудбалерите на Кристал Палас сѐ повеќе се оддалечуваат од можноста да играат во групната ф…